Богатите вежбаат, сиромашните пијат апчиња

Проблемите со пари создаваат проблеми во планирањето на време за вежбање и здрави оброци. Овој проблем се решава со неефикасни стратегии за слабеење, кои на крај не решаваат ништо.

Кај сиромашниот дел од населението, посебно жените од оваа група, поголема е веројатност да бидат дебели. Она што посебно го влошува целиот проблем е што најсиромашните (студијата е за Американци) е помалку веројатно да веруваат и да пробаат докажани методи за слабеење, и наместо тоа секогаш одат на брзи решенија како апчиња за слабеење.

Во студија на Конкордија Универзитетот се следат 3.000 деца (8-19 години) и 5.000 возрасни (20+). Две третини од нив една година се обидуваат да ослабат со намалување на храната.

По една година, резултатите се:
- возрасните во просек се здебелиле за 1,3 килограми.
- децата се здебелиле за 5,4 килограми.
- луѓето кои биле во групата со ниски примања, во просек се здебелиле околу 1 килограм повеќе отколку оние со највисоки примања.

Иако не е спорно дека здравата храна е поскапа, вината кај сиромашните отпаѓа и на некои од нивните навики. "Водата (претежно) е бесплатна, ама луѓето со ниски примања помалку ја пијат. Во исто време апчињата за слабеење чинат пари."

"Наместо тоа може да е до стресот во животот на сиромашните кој го отежнува одржувањето на диета и план за вежбање. Тешко е да се вежба кога живееш во небезбедна населба. Стресот те тера на емоционално јадење. Не можеш да планираш кога ќе одиш да вежбаш кога распоредот за на работа го знаеш само 3 дена однапред," објаснува Олга Казан во Атлантик.

Тие потсетуваат на сите студии кои објаснуваат како стресот од немање пари влијае на нас. Минатата година една студија откри дека сиромаштијата е еднаква на ментален товар од губење 13 поени од коефициентот на интелигенција. Друга студија покажа дека луѓето кои се во финансиски проблеми побрзо се откажуваат од решавање проблеми.

Нешто околу темава - Juice Cleanses: The Worst Diet

22 август 2014 - 12:33