Родителски совети од Хомер

Сакам да ти кажам нешто. Има три реченици кои ќе ти помогнат да го истуркаш животот. Број 1: Лажи за мене. Број 2: Тоа е добра идеја, шефе! Број 3: Такво беше кога дојдов.

Обидувањето е првиот чекор кон неуспехот.

Деца, се обидовте најдобро што можете и ужасно не успеавте. Лекцијата е, никогаш не се обидувај.

Научив дека животот е еден уништувачки пораз по друг, се додека не посакаш Флендерс да умре.

Ако нешто е премногу тешко да се направи, тогаш не си ни исплати да се направи.

(Зборувајќи му на Барт) Не дозволувај смртта на Красти да те порази. Луѓето постојано умираат, од ништо. И ти би можел утре да се разбудиш мртов. Добра ноќ.

Апу, децата се одлични. Можеш да ги натераш да го мразат она што и ти го мразиш.

Немој да ме јадеш! Имам жена и деца. Изеди ги нив!

За што би ни требал психијатар? Па ние знаеме дека децата ни се луди.

Без разлика колку си добар во нешто, секогаш постојат околу милион луѓе кои се подобри од тебе.

Не можеш постојано да се обвинуваш себе си. Само еднаш обвини се, и продолжи понатаму.

Марџ го обесхрабруваш детето. Важно е да научи како со лажење да се извади од проблеми. Тоа е она што нас не разликува од животните.

Бракот е како ковчег, а секое дете е нов клинец во ковчегот.

10 декември 2014 - 16:45