Слабеење ни под разно!

Истата личност која до сега активно работеше на тоа дебелите да добијат гратис дополнително седиште во авион, сега е со нова и уште поважна мисија - да ги натера хотелите низ светот да почнат да ги шират ходниците за подобро да можат да угостат пошироки гости.

Џаелин Чејни зборувајќи за својата мисија објаснува, во име на дебелите, дека „ние заслужуваме средина што ги почитува нашите потреби и телесната разноликост.“

Во тоа име таа од хотелите бара да постават пошироки лифтови, да ги прошират ходниците со што би се олеснило движењето за поголеми индивидуи, и оние што користат инвалидски колички.

Хотелите треба да поработат и на додавање ракофати во хотелите и кога купуваат да избираат посилни и поголеми столици за отворените простори, без разлика дали фоаје или базен.

Што се однесува до собите Чејни бара да се стават поголеми ВЦ шолји, а во кадата / туш кабината да се стави туш на црево наместо фиксиран во ѕид, за поголемите луѓе полесно и подетално да можат да се истушираат.

Секако, добредојдено е и персоналот да има повеќе почит, разбирање и да им угодува на гостите од сите големини.

На списокот барања на Чејни немало ни една ставка што се однесува на хотелските фитнес сали.

5 октомври 2023 - 12:28