Португалија вели добредојде, освен за оние од Калифорнија

На Калифорнија последниве години ѝ се случува интересен егзодус бидејќи таму сè потешко се живее, што поради трошоците, што поради разбудените малоумности кои и Л.А. прават да заличи на Грчец. Луѓе бегаат, што во Тексас и други американски држави, што фаќаат џенем преку океаните. Не се нешто омилени.

Жители на Калифорнија сè почесто бегаат во Португалија и често со себе ги носат своите проблеми со што им го отежнуваат животот на локалците, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Во статијата „Добредојдовте во Португалија, новиот рај за иселениците. Калифорнијци, ве молиме одете си дома“, се наведува дека бројот на Американци кои живеат во Португалија се зголемил за 45% само  изминатата година. Добар дел од тие Американци се преселиле од Калифорнија за да избегаат од високите трошоци за домување, пандемиските карантини а по инерција се спомнуваат и  „Трамповските политики“.

Написот вели дека сè повеќе расте локалната огорченост од новодојденците а оние од Калифорнија се гледаат како корен на проблемот со гентрификацијата, урбан процес во кој со помасовно доаѓање на имоќни луѓе во некој кварт, посиромашните се принудени да бараат други места за живеење.  Имало и протести на оваа тема.

„Не може да се негира дека места како Лисабон станаа многу попривлечни за младите, креативни луѓе кои имаат пари за трошење. Ефектот врз економијата и врз тоа како зградите изгледаат - повеќе не се празни - е огромен“, вели Луис Мендес, географ од Универзитетот во Лисабон. „Но, просечниот Португалец повеќе не може да си дозволи да живее во центарот на Лисабон. Кириите се зголемија пет пати во текот на неколку години. Дури и за основните работи, како што е купувањето намирници, сега се оди надвор од градот за да се најде поевтино.“

Последниве години се дуплирал бројот на луѓе кои биле принудени да го напуштат Лисабон затоа што веќе не можеле да си ги дозволат покачените кирии.

Португалската влада реагираше на проблемот укинувајќи ја програмата „Златна виза“ со која им се даваше жителство на оние странци кои во земјата ќе инвестираат над 500.000 евра, програма во која доминираа Американци.

**************

Види и:

Политичките бегалци на Калифорнија

Прогресивниот Л.А. полека станува Грчец

Елон Маск ја батали Калифорнија и се пресели во Тексас

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас

19 мај 2022 - 22:55