Забелешката на кратењето на лентите на улица и нивно пренаменување за велосипед, во основа е логиката дека колку помалку простор на улица има за автомобили толку повеќе гужва ќе се прави.
Оваа логика ја оспорува новиот извештај за заштитени велосипедски патеки изработен од Одделот за транспорт на Њујорк.
Во извештајот тие го земаат примерот со велосипедските ленти инсталирани на Колумбо Авенијата (меѓу 2010-та и 2011-та). Авенијата оригинално има 5 ленти - 3 за сообраќај, една за паркинг, и една хибрид меѓу возење и паркинг во зависност од времето во денот.
Тие решаваат да ја намалат ширината на лентите (од просек 3,6 метри на 3 метри), и пак успеваат да ги добијат 5-те ленти што претходно ги имале, а и покрај тоа да извадат една бафер лента (широка 1,5 метри) и една за велосипеди (широка 1,8 метри).
Крајниот резултат е побрзо време на минување на патеките за велосипеди, и автомобилите конкретната делница ја минувале за 3 минути, во споредба со претходните 4 минути и 30 секунди. Истата реконфигурација е направена и на 8-та авенија, и таму се добиени подобрени резултати на времето на минување.
Целиот успех не е само заради постилање на патеките, туку сето ова е дел од концептот за паметен дизајн на улици кој во патеките предвидува елементи како одредени "џебови" за вртење лево, заради кои автомобилите не мора да прикочуваат се додека не дојде ред да вртат, и второ полесно им е да ги забележат велосипедистите. Конфигурацијата е адаптирана за секоја улица посебно.
"И покрај сите промени, времето на патување остана исто како и претходно. Според бројките, просечната дневна брзина на таксито се намали за околу 1 милја на час. Меѓутоа за сметка на оваа мала разлика, добија севкупен раст во мобилноста: бројот на велосипеди се зголеми за 160%, а на сето ова плус се придобивките за јавниот превоз," пишува во анализата на истражувањето новинарот на Атлантик, Ерик Џаф.
Инаку, ако ви се прават улици, пробајте се тука