Симпатијата од работа и твојот брак

Ако сте стигнале до таму да се правдате со статии од интернет за тоа што ви ги фатиле пораките со колегата / колешката од работа веројатно сте многу позаглибени во проблеми отколку што мислите, меѓутоа фино е идејата да лебди наоколу. Како и да е, заклучокот е дека флертот од работа фино влијае на бракот.

Истражувањето вклучува 200 жени, на возраст од 19 до 56 години, сите во врска подолга од 3 години, мнозинството со мажи и сите без лажење и срам одговараат на прашања. Од нив речиси 70% признале дека еден период биле затрескани во некој друг додека се уште биле со актуелниот партнер. Во најголем дел од случаите посакуваниот бил од работа.

Најголема грижа не им било флертувањето, и најголемиот дел од нив одговориле дека тоа немало никакво влијание на постојната врска. Мал дел од нив изјавил дека копнеењето по некој друг направил да бидат попривлечени кон нивниот постојан партнер.

Жените објасниле дека тоа што биле занесени кон некој друг, стимулирало повеќе сексуални мисли, и тие "опишале дека таа емоција ја пренеле од симпатијата врз својот партнер и со него делувале врз основа на оваа емоција."

30 јули 2015 - 12:57