Англија останува без келнери

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани а островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Угледни ресторани и ланци во Велика Британија се жалат дека не можат да ги пополнат работнтие места кои остануваат празни по сè помасовниот егзодус на европски државјани од островот.

Бројот на оние кои заминаа од Англија за брзо време порасна од 33.000 на 120.000 и главно се работи за луѓе кои работеа во услужните дејности.

Ланци како Франко Мана велат дека на пазарот не постои доволно кадар кој би ги пополнил потребните работни места кои ги држеа Бугари, Романци, Словаци... А во нивната компанија, само 30% од персоналот е британски. 

„Тешко е да се најде Британец кој има желба да стане од кревет и да мие садови. Тоа е всадено во историјата и во класите“, вели еден сопственик на ресторан.

За дополнителни компликации, во јавноста протече еден владин предлог дополнително да се скуси престојот на ниско-квалификувани лица од ЕУ во земјата. Едно истражување вели дека ако во Британија престане да стигнува свежа работна сила од ЕУ по заокружувањето на брегзитот во 2019 година, само овој сектор ќе се соочи со дефицит од 60.000 лица.