Каде е, што прави? (едит: го најдовме)

Снеможени од тенката политичка понуда, заглавивме по архиви барајќи потенцијали кои сме ги пропуштиле а можеби заслужуваат втора шанса. Најдовме, за Гевгелија. Еве каков талент тој град пропуштил.

Чекаме дојава од гевгеличани дали човекот е добар, спремен да се реактивира и дали од оваа историска дистанца смета дека неговиот тогашен неуспех на локалните избори се должи на всадениот страв кој Македонецот од раѓање го има од - промајата.

 

По дојава од читател, најдовме получасовна снимка од митинг на Кирил. Па човекот растурал.

18 мај 2016 - 09:37