Луѓето од модерните западни општества се терани да бидат одлични во тоа што го прават. Многумина не одбираат хоби само затоа што мислат дека во тоа нема да бидат најдобри. А треба да се прави тоа што се сака, без оглед на резултатите.
Спржени од работното темпо и динамиката на секојдневниот живот, на сè повеќе луѓе од Јужна Кореја им доаѓа самите да се пикнат во затвор кој им се чини како единствено место на кое можат да најдат малку мир и спокојство. Имаат решение за тоа.. Прв се сетил преуморен поранешен обвинител кој почнал да им завидува на луѓето кои ги праќа зад решетки.
Науката бара од прозиводителите на автомобили посериозно да работat на еден проблем заради кој масовно се гине зад воланот и околу него. Вибрациите на колата кои тераат на спиење.
Со пролетта на Хималаите започнува и кратката, 6 до 8 недели, сезона за искачување на Еверест, кога илјадници странци ќе пристигнат во Непал во обид да ја искачат најголемата планина на планетата, и да влезат во клубот од околу 8.500 членови на кои ова им успеало.
Додека нам со децении едиствена желба ни е да ги поднаполниме „туристичките капацитети кои навреме се подготвени за новата сезона“, Европа веќе ја зафаќа спротивен, анти-туристички бран. Гледате охриѓани колку се визионери?
Околу 2.000 патници кои уплатиле неколку месечно патување со брод, цели 10 дена минале во комплетен мрак и вежбање ситуации на опасност поради можноста да бидат забележани од пиратите. „Можеби тоа беше малку поинакво возбудување, но сепак беше возбудливо“, заклучи капетанот кој го наметнал вонредниот режим.
Од разно-разни лекарства и народни иљачи, до чаша топло млеко пред легнување и други трикови, интернетот е преполн со совети како да се победи несоницата. Едно истражување предлага сосема поинаков пристап кон проблемот: најдете си смисла на животот.
Швајцарско село за туристите воведе забрана за фотографирање на живописниот пејсаж од едноставна причина: на оние кои ќе ги гледаат фотографиите да не им биде криво што не се таму. Од исти (а обратни) причини го охрабруваме сликањето по неподносливо полните грчки плажи.
Постојат бројни активности со кои на детето може да се пополни празнотијата на летните распусти за да не му биде здодевно. Но, ако не му дадете шанса да му е досадно, кога тоа ќе открие што всушност сака?
Во многу наврати сме ја поттикнувале мрзата и денгубењето како животен стил кој забрзаниот апетит на капитализмот и глобализацијата го смета за природен непријател. За среќа, и на капитализмот му станува јасно дека магарето некогаш треба и да одмори, бидејќи и утре треба да биде товарено.
Во Глазгов се отвора теретана која на нашки би се викала „дремара“. Наменета е за подобрување на вкупното психо- физичко здравје а од посетителите ќе се бара вредно да одремат 45 минути. „Сонот е потценет“, велат менаџерите. Комплетно се согласуваме, особено што јавето вака упорно нè разочарува.
Звучи премногу добро за да би било вистинито но ние мрзливите со задоволство би ѝ дале шанса. Седиш, јадеш а мускулите сами се пумпаат. Па да се видиме на плажа после!
За да докажат дека оценките на TripAdvisor се гола вода, италијански весник измислиле непостоечки ресторан, го пријавиле на сервисот и ја победиле конкуренцијата.
Заклучокот е од книгата "Chasing the Scream" според која војната против дрогата се базира на сеопфатно погрешно разбирање на зависностите, зависниците и историјата на користење дрога.
Социјалната цена на твојот спектакуларно возбудлив одмор од соништата е што на твоите најблиски пријатели им е полесно да те изолираат некој месец, отколку да те слушаат да раскажуваш за тоа како добро си поминал и за тоа едно кафанче што си го нашол.
Досега имаше летен, зимски, бањски, планински, здравствен, верски... Сега има и црн, односно мрачен туризам. Се сеќавате како скопјани сеиреа гледајќи што се случува во Арачиново?
Полнење на батериите, одмор, возбуда, бегство од секојдневната рутина и/или откривањето нови места и луѓе се дел од причините поради кои луѓето одат на летен одмор. Плус потребата од курчење со фотки од местото на кое се уживало. На второво, добро заработува еден фотограф од Германија.
Здравјето, среќата и општата благогостојба на еден маж директно зависи од можноста да го прави она што најчесто се дефинира како "бев со другарите, се заебававме." Чисто научно, пропишаната доза е два пати неделно.
Дури и кога би имале пари како што немаме, пак би имало место каде да ги потрошиме. Секако додека тоа не се оствари, фино е човек да има букмаркси за трошење многу пари.
Заедничко за речиси сите компјутерски милијардери е што комплетно не се заинтересирани за одење во хотел, многу повеќе имаат мерак на викендичка. Барем оние што веќе немаат цел остров.