Никому не му е гајле колку ти било добро на одмор

Социјалната цена на твојот спектакуларно возбудлив одмор од соништата е што на твоите најблиски пријатели им е полесно да те изолираат некој месец, отколку да те слушаат да раскажуваш за тоа како добро си поминал и за тоа едно кафанче што си го нашол.

Проблемот со раскажувањето одмори е што за одредени случувања уживаат да зборуваат и слушаат само луѓето кои учествувале во овие, без разлика колку секојдневни, случувања.

"Ова е благовремено прашање, ако се има предвид колку луѓе споделуваат и се фалат за своите искуства преку социјалните медиуми. Ова покажува дека луѓето најверојатно превртуваат со очи на сите оние постови за туѓи преубави одмори," објаснува професорката од Универзитетот на Пенсилванија, Кејси Могилнер.

Според авторите на истражувањето, социјални психолози од Харвард, задоволствата доаѓаат од (генерално зборено) од не-социјални или индивидуални искуства, или социјални и споделени искуства. (Пример за не-социјални искуства е возење Ламборџини низ град.) Меѓутоа според нив, задоволството од дружењето се базира на заеднички искуства, заради што луѓето повеќе уживаат да зборуваат за нешто обично што сите го доживеале, отколку да слушаат за нешто спектакуларно што го немаат искусено. Ова е причината зошто никој не може да те трпи да раскажуваш како убаво си поминувал некаде.

Редок исклучок од ова правило е контакт со славни личности, што според професорот по економија и психологија од Карнеги-Мелон Универзитетот, Џорџ Ловенстајн, е искуство што секој сака да го чуе.

8 ноември 2014 - 15:20