Децата летоска треба да се досаѓаат

Постојат бројни активности со кои на детето може да се пополни празнотијата на летните распусти за да не му биде здодевно. Но, ако не му дадете шанса да му е досадно, кога тоа ќе открие што всушност сака?  

Летни кампови, курсеви, извидници, што ли... постојат бројни опции со кои може да се исполни времето на најголемиот училишен одмор за на детето да му биде „забавно а корисно“.

Заебете вие тоа. Задача на родителот не е постојано да наоѓа за своето најмило начини како да му биде забавно. Задача му е да го подготви еден ден да биде полноправен и полнокрвен член на општеството. А за да биде тоа, детето треба да научи и самото да бара што му е забавно. А за да го бараш тоа, мора прво да ти е досадно.

Децата за кои родителите имаат распоред на активности дури и за летниот период едноставно ја немаат та шанса, да им биде здодевно.

„Да се биде возрасен значи да умееш да го пополниш своето слободно време со работи кои те исполнуваат и прават среќен. Ако родителот цело време се труди да му го пополни слободното време на своето дете, тоа никогаш нема да научи самото да го прави тоа,“ вели Лин Фрај, детски психолог од Лондон.

Ова е порака која психолозите ја упатуваат со децении. Меѓу другото и затоа што досадата е поврзана со развој на имагинацијата.

„Досадата е круцијална состојба за развивање внатрешни стимуланси кои потоа ја раѓаат креативноста“, вели за Би БИ Си еден друг психолог.

Уште во 1993 година психо-аналитичарот Адам Филипс напиша дека „способноста да ти е досадно може да биде развојно достигнување“. Со други зборови, досадата е шанса да се размисли и согледа животот, наместо да се протрча низ него.

Накратко, досадата НЕ е губење време.

****

Види и:

Болката и досадата се корисни

„КНИГА НА ДЕНГУБНИЧКИ ЗАДОВОЛСТВА“ од Том Хоџкинсон

 

 

19 мај 2017 - 14:14