Американците почнаа да бегаат ВО Мексико

Не само што егзодусот на жители на Калифорнија полни држави како Тексас, Аризона и Вашингтон, туку добар дел почнаа да бегаат надвор од САД во соседно Мексико, чисто затоа што животот во Калифорнија им е станат прескап за раат живеење.

Освен тие што се трајно преселени во Мексико и далечински работат што и да работеле претходно, има и дел од американските граѓани кои живеат во Мексико но секој ден патуваат на работа во Калифорнија. Калифорнија е една од американските сојузни држави што граничи со Мексико.

Една од причините е што медијаната цена (линијата на пресек) за куќа во Калифорнија е 797.470 долари, сума што можат да си ја дозволат само 25% од домаќинствата. Заради ова, драмите околу ковид карантините, бездомништвото и високите даноци, само о 2021 360.000 лица ја напуштиле Калифорнија.

Посебна сила на егзодусот од Калифорнија му дава можноста за работа од дома која беше актуелизирана за време на пандемијата. На ниво на САД 62% од Американците размислуваат за селење во нова држава заради опцијата за работење од каде сакаат.

Проблем е тоа што каде и да се преселат богати Американци тоа ги зголемува трошоците за живот на локациите.

13 јуни 2022 - 09:48