таг: миграција

Никој во Европа не е чист

Најнапредните ДНК анализи ги обесмислуваат оние реакции на континентот дека бегалскиот бран од Блискиот исток ќе ја извалка генетската мапа на Европа. Што се однесува до Балканците, поуката до нив гласи: ако сакате да сте верни на автентичната и повеќе милениуми долга традиција - мотиката в раце. Повеќе

Како Вилдерс победи така што изгуби

По ЕУ ходниците со олеснување се примија резултатите од изборите во Холандија бидејќи Трамповизија - барем за сега - не се прелеа и на стариот континент. Но, либералите повторно извлекуваат погрешни заклучоци. Дури и братот на поразениот Вилдерс вели дека ваков исход му одговара на Герт и е токму тоа што очекувал.  Повеќе

Дали правите Финци ќе гласаат за црниот Хитлер?

Слично како со фасцинантниот случај со штипјанецот Џими и партијата ТМОРО, и за една финска радикална паертија во изборна трка влегува човекот кој сите го знаат како „црниот Хитлер“. Меѓу другите Финци - како што некогаш викаа нашиве коментатори во бокс мечеви - ќе го препознаете по сините гаќички. Повеќе

Трамп нема пари ни за парапетче кон Мексико

Доналд Трамп ветуваше дека ѕидот кон Мексико кој ќе ги спречи илегалните мигранти да влегуваат во САД ќе го гради не само брзо туку и од „постоечките средства кои стојат на располагање“. Сега открива дека на располагање му стојат само 20 милиони долари. Повеќе

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Мапа на европското иселеништво покажува дека Македонија е на врвот на земји во кои оние што се родиле таму, решиле да дигнат сидро. Босна, па Албанија па Македонија. А ние овде пак не наоѓаме слободно паркинг место. Повеќе

Америка, мајка бежанија
Нашле па зашле:

Четвртина од Американците се закануваат со селење од земјата во случај на изборите да победи Доналд Трамп. Но, така викаат на истражувања на јавно мислење. А според фактите, токму во мандатите на Барак Обама рекордно пораснал бројот на Американците кои побарале друг пасош. Стивен Сигал знае за тоа. Повеќе

Двојните стандарди на Виктор Орбан

На Виктор Орбан не му пречат ни кога се од истокот ни кога се муслимани. Му пречат кога немаат пари. За тие што имаат, Унгарија е прилично великодушна. Повеќе

Што дојденците најмногу ги шокира во Канада?

Овде веќе никому не може да му се замери ако му доаѓа да ја здува од Македонија и да не се врти назад. Ако таквата желба ви нема интерпланетарни размери (за што ве информиравме во статијата "Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво"), тогаш Канада е едно од логичните решенија. Ако е така, тогаш запознајте ја Канада преку искуствата на оние кои тоа го сториле пред вас и од разни страни на светот дошле да живеат баш таму.  Повеќе

Белгија остварува стара вмровска идеја
Иронија од која ти доаѓа да мјаукнеш:

На почетокот на македонската независност, кога парламентарното мнозинство го имаше освоено ВМРО ДПМНЕ, од тоа шарено ама пред сè руралистичко крило протече идеја Албанците кои сакаат државјанство да се заколнуваат на лојалност на Македонија. Четврт век подоцна, време во кое ние као пробуваме да се приближиме кон европските вредности, слична дискриминирачка идеја се реализира во Белгија. Повеќе