За еден другар прашувам

Зошто луѓето пијат алкохол?

Се почнува од старите, многу старите, 10 милиони години старите. Е, тие стари додека бараат што да јадат собираат се и сешто од земја, вклучително и скапани веќе ферментирани плодови. Понатаму навиката само еволуира.

Токму оваа навика доведува до тоа организмот со тек на време да еволуира способност да го разлага алкохолот, работа која што ја врши ензимот ADH4. Овој ензим се наоѓа во стомакот, грлото и јазикот на приматите, и е првиот ензим (што може да метаболизира алкохол) на кој наидува етанолот откако ќе го консумираш.

Истражувачите земаат група од 28 различни цицачи и ги анализираат гените кои го создаваат овој ензим, за да видат колку блиску се тие поврзани и кога нивните предци почнале да се одделуваат. Севкупно тие анализираат 70 милиони години еволуција на приматите.

Доаѓаат до резултат дека една генетска мутација од пред 10 милиони години им дава на луѓето подобрена способност да разлагаат етанол.

Споредбата со останатите податоци покажува дека оваа мутација коинцидира со префрлувањето на терестријален начин на живот (кога почнале да се симнуваат од дрво). Кога во текот на годината почнало да снемува од останатата храна, човечките предци почнале да го консумираат паднатото и ферментирано овошје, како единствена алтернатива во моментот.

 

3 декември 2014 - 10:57