Пиењето или работата, кој прв почна

Заклучокот на студијата е дека луѓето кои работат над 48 часа неделно, е 11% поверојатно да пијат ризични нивоа на алкохол отколку оние со стандардна работна недела. Ризично е 21 пијачка за мажи и 14 за жени, во рок до 7 дена.

Истражувањето го прават Финците, кои имаат се поголеми проблеми со алкохолизмот кој е најчестата причина за смрт кај мажи и жени во земјата. Меѓу причините за алкохолизмот е комбинација на фактори како: се' им е решено во животот, ама живеат во досадна земја, имаат ужасна клима и рано се стемнува, плус некако се чуден народ.

Во студијата се тврди дека постои врска ама не се сигурни дали многу работа доведува до повеќе пиење или па обратно е.

Она што се дебатира околу студијата е дали работната средина дава добра камуфлажа за постоење на алкохоличари. Аргументот е дека работното место ти дава занимација додека да дојде време кога за сите е прифатливо да пиеш (после работа, или евентуално во 14:00), второ стресот на работа и долгите работни часови се прифаќа како оправдание за пиење, "нашето општество продолжува да ја оправдува праксата на потопување на нечија тага (со алкохол), ама има заборавено дека активните алкохоличари често бараат некаква тага и болка за да можат да ја удават (во алкохол)."

23 јануари 2015 - 11:25