Лас Вегас веќе не е само коцка

Останува тој главното место за аџилак на комарџиите од цел свет, меѓутоа приходите од тоа веќе не се доминантни за градот.

Посетителите на Лас Вегас сè повеќе пари трошат на хотели, јадење и други видови забава.

Во 70-тите години, коцкарниците правеа 60 проценти од приходите на градот. Денес нивното учество е паднато на само 37 проценти.

До 2009-та година, коцкарската асоцијација бележе непрекинат 30 годишен раст, но последниве години ситуацијата е променета. Парите од казината во апсолутен износ не се намалени и покрај сè поголемата конкуренција во други делови на земјата, но се пораснати други некоцкарски приходи од типот одржување конвенции, саеми, шоуа и слично. 

Вака изгледа сплитот на приходите во градот на гревовите:

30 септември 2014 - 12:54