Стигматизација на нeвакцинираните нема никаква основа

Со ваков наслов излезе артикл во престижниот Лансет кој има репутација на најдоверлив научен магазин на светот. Темата одамна е сериозна и одамна ја следиме, но се чини атмосферата станува сè пожестока. Како каде вакцинираните ќе станат мнозинство, така се засилува притисокот и шиканирањето на невакцинираните. Не е тоа така само кај нас.

„Од моментот кога уделот на возрасни вакцинирани против ковид во Хрватска надмина 50 проценти, сведоци сме на силна пропаганда во хрватските медиуми, чија очигледна цел е да се подели општеството и да се нахушка против невакцинираното малцинство. Покрај стандардните новинарски навреди и малтретирања (невакцинирани се глупи, примитивни, неодговорни итн.), ова малцинство сè почесто се посочува како виновник за растот на бројот на заразени, болни, починати итн. Ова создава плодна почва за обесправување на дел од народот, што формално започна со воведувањето на пропусниците за ковид во секојдневна употреба“, пишува хрватски Либерал.

Во Лансет пак, Гинтер Кампф ќе напише:

Во САД и Германија, високо позиционирани официјални го користеа терминот „пандемија на невакцинирани“, сугерирајќи дека луѓето кои биле вакцинирани не се релевантни во епидемиологијата на ковид. Употребата на оваа фраза од страна на официјални лица можеби поттикнала и по некој научник да тврди дека „невакцинираните им се закануваат на вакцинираните.“

Не ќе да е баш така едноставно, вели Кампф. Тој наведува податоци од неколку земји (САД и Германија) од кои јасно произлегува дека и вакцинираните и натаму се дел од равенката за трансмисија на вирусот.

„Луѓето кои се вакцинирани имаат помал ризик од тешка болест, но сепак се релевантен дел од пандемијата. Затоа е погрешно и опасно да се зборува за „пандемија на невакцинирани“. Историски гледано, и САД и Германија создадоа негативни искуства стигматизирајќи делови од населението поради нивната боја на кожа или религија. Ги повикувам функционерите и научниците на високо ниво да престанат со несоодветното стигматизирање на невакцинираните луѓе, кои вклучуваат наши пациенти, колеги и други сограѓани и да вложат дополнителни напори за зближување на општеството“, апелира Кампф.

************

Види и:

Дехуманизација во новото нормално

 

 

 

 

24 ноември 2021 - 16:39