Под земја откриен најголемиот океан на светот

На длабочина од неколку стотици километри под Земјината кора се крие подземен "океан" кој е три пати поголем од сите океани на површината. Дополнително, ова значи сериозна промена и во нашето сфаќање за тоа како настанала планетата.

Потрагата трае веќе неколку децении, а сега научниците се сигурни во тоа дека на 660 километри под Земјината површина, во минералот рингвудит е заробено огромно количество вода. Уште една клучна работа што ја открива гео-физичарот Стив Јакобсен од Нортвестерн Универзитетот, е дека откритието покажува дека водата на Земјата дошла од внатрешноста, и се појавила на површината преку геолошка активност. До сега преовладувачка теорија е дека водата на Земјата ја носат комети од мраз, кои удираат во планетата во периодот на формирањето.

"Геолошките процеси на површината на Земјата, како земјотреси или ерупции на вулкани, се израз на она што се случува внатре во Земјата, она што не можеме да го видиме.

Мислам дека конечно гледаме доказ за целиот воден циклус на Земјата, кој може да ги објасни огромните количества на течна вода на површината на нашата планета. Научниците со децении тргаат по оваа вода од длабочините," објаснува Јакобсен во журналот Сајанс.

Клучен елемент во целото задржување на водата под земјата е минералот рингвудит, кој заради кристалната структура функционира како сунѓер, односно го привлекува водородот и ја заробува водата. По пресметките на Јакобсон, ако само 1% од камењата во овој слој содржат вода, тогаш тоа би било еднакво на 3 пати повеќе вода отколку во површинските океани.

14 јуни 2014 - 11:02