Од бикини до милиони долари

Бикини изданието на Спорт Илустрејтед за компанијата мајка Тајм Инк. значи бизнис од 1 милијарда долари. Целата работа започна како додаток од 5 страници.

Првото Бикини издание од 1964.

Откако во 1997-ма се одвои како посебно издание кое излегува еднаш годишно, бикини изданието до сега има донесено над 1 милијарда долари.

Денес, овој еден број годишно носи 7% од вкупните годишни приходи на Спортс Илустрејтед.

Само во 2005-та, ова издание генерирало приходи од околу 35 милиони долари од продажба на реклами. На ова треба да се додадат и парите од продажба на календари, слики, како и самото издание.

Првото бикини издание се појавува на 20-ти јануари 1964-та, како дополнување од 5 страни на регуларниот број. Целта била да се зголеми читаноста за време на зимските месеци кога најголемиот дел од спортовите прават пауза.

12 февруари 2013 - 21:36