Кога животот ти дава Лемони

Дон Лемон беше избркан од Сиенен. Едно време го немаше па деновиве неочекувано најави ново шоу кое ексклузивно ќе оди на платформата Икс. Обезбеди и интервју со Маск, како најава на новото партнерство. Што направи Лемон после тоа? Отиде во Сиенен, да го олајава Маск како не си ја разбирал одговорноста. Дур си исцедил лимон, Маск му го раскина договорот.

Лемон: Нели мислите дека содржините на Икс (Твитер) треба посериозно да се модерираат, за да не морате да одговарате на новинарски прашања за дозволување говор на омраза?
Маск: Не морам јас да одговарам на никакви новинарски прашања. Овде сум затоа што ти сакаше да си на Икс и побара интервју со мене.

Бонус:

Лемон: Вртите ли накај Трамп?
Маск: Не вртам. Вртам подалеку од Бајден.

За неславниот крај на Дон Лемон во CNN (април, 2023) кога го отпуштија човекот кој им ги покриваше идеолошко битните теми за расизмот, разбуденоста и слично.

„Запрепастен сум. Мислев дека после 17 години минати во телeвизијата, некој во менаџментот ќе има пристојност да ми каже директно.“

15 март 2024 - 13:40