Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Ја памтите ли 2016-та и Сирија, кога се дигна светска врева за Сирија и страдањата на луѓето под режимот на Башр Ал Асад? Сте чуле нешто за Сирија и тие луѓе откако Запад сфати дека Башар не паѓа така лесно па дигна раце од тоа? За среќа, постојат независни новинари како Канаѓанката Ева Бартлет, кои ги деконструираа медиумските шашми дека се работи за цивили, за емпатија. 

Новинар: Зошто не би им верувале на фактите кои можат да се документираат а доаѓаат од самиот терен?

Ева Бартлет: Меѓународни организации што се на терен? Кажете ми кои меѓународни организации се наоѓаат во источно Алепо? Ок, јас ќе ви кажам: ниедна.

Тие се потпираат на тела како Сирискиот мониторинг за човекови права кој е стациониран во Ковентри, Велика Британија и е еден човек. Се потпираат на компромитирани организации како „Белите шлемови“.

Да позборуваме за нив: „Белите шлемови“ се основани во 2013 година од поранешен британски воен офицер. Добија 100 милиони долари од САД, Англија, Европа и други, начелно за да спасуваат цивили во источно Алепо и Идлиб, па сепак, никој во источно Алепо нема слушнато за нив. Наводно се неутрални, ама видени се како со оружје стојат до тела на загинати сириски војници.

На нивните видео снимки ќе најдете деца кои се „рециклираат“ за потребите на различни извештаи. Ќе го најдете девојчето Аја која ја имаат на неколку снимки, во различни месеци и на различни локации.

Тие немаат кредибилитет, Сирискиот мониторинг нема кредибилитет, исто како и „Неименуваните активисти.“ Значи, кои се вашите извори од теренот? Ги немате.

Која е агендата на корпоративните медиуми? Промена на режимот. Како може Њујорк Тајмс. кој сабајлево го читав. и натаму да тврди дека ова е граѓанска војна во Сирија? Како може до ден денешен да тврдат дека протестите (против Башар ал Асад - н.з.) биле ненасилни до 2012-та? Тоа апсолутно не е вистина. Како може уште да тврдат дека сириската влада ги напаѓа цивилите во Алепо, кога секој човек кој ќе излезе од ова место окупирано од терористите, го тврди токму спротивното??

Додека Сиријците и Русите се држеа до прекинот на огнот, коалицијата предводена од САД самата го прекршуваше примирјето, напаѓајќи позиции на сириската армија во Деир ез-Зор, убивајќи 83 војници во еден продолжен напад, за време на кој на Исис му се отoври шанса да ја заземе таа позиција.

Кога ќе слушнете што корпоративните медиуми пишуваат за Алепо, а ќе ги спомнам БиБиСи, Гардијан, Њујорк Тајмс и други, тоа е сосема спротивно од реалноста. Тие самите произведуваат стории, можам да ви дадам и конкретни примери:

Во април годинава имаше вест за болницата Ал-Кудс за која сите тие медиуми известија дека е нападната и драстично оштетена, или од Сиријците или од Русите. Руските сателитски снимки покажаа дека болницата е иста каква што била во октомври 2015. Никаква разлика, не била нападната. Месеци подоцна, Гардијан напиша дека во болницата Ал -Кудс, која, нели, била ракетирана и уништена, се лечат пациенти настрадани од хемиско оружје. Ни во лагите не се конзистентни.

Најважно од сè е да се надеваме дека САД ќе престане да го финансира и подржува тероризмот.

Сето ова погоре, во видео:

****************

Да ве потсетиме и на нашиот текст „Сирија, лаги и видео клипови“ (април, 2018), кој своевремено силно ги вознемири китовите на македонското натоумие. Додуша, во меѓувреме Јутјуб скинал доста од клиповите, ама тоа е друг проблем.

 

 

 

 

 

 

 

19 октомври 2023 - 11:41