Тим Кук: Горд сум што сум геј

Иако никогаш ја немам негирано мојата сексуалност, никогаш јавно не сум ја ни признал, се до сега. Дозволете ми да бидам јасен: горд сум што сум геј, и сметам дека тоа што сум геј е еден од најголемите дарови што ми ги дал Господ, напиша Тим Кук во есеј објавен во Бизнисвик.

"Тоа што сум геј ми даде подлабоко разбирање за тоа што значи да бидеш малцинство и пристап до предизвиците со кои луѓето од останатите малцински групи секој ден се справуваат. Ова ме направи по сочувствителен, заради што пак имав побогат живот. Понекогаш беше тешко и непријатно, ама ми ја даде самодовербата за да го следам мојот пат, и да се издигнам над непријатностите и нетрпеливоста. Исто така ми даде и кожа на носорог, која знае да врши работа кога си ЦЕО на Епл," напиша Тим Кук.

Говорот на Обурн Универзитетот во 2013-та, во кој Кук изрази длабока поддршка за еднакви права, се смета за првиот пат кога ЦЕО-то на Епл јавно алудирал за својата сексуалност, иако долги години постојат непотврдени шпекулации. Во 2011-та, Аут Магазин го прогласи Тим Кук за најмоќна геј личност во Америка.

Во понеделникот Тим Кук одржа говор на Академијата на честа на Алабама во која ја критикуваше својата родна држава заради неуспехот за поддршка на ЛГБТ правата.

Инаку Епл има долга историја на поддршка на ЛГБТ работниците, а во 2013-та Кук напиша едиторијал во Вол Стрит Журнал во кој од американските власти бара да ги заштитат ЛГБТ работниците од дискриминација.

30 октомври 2014 - 13:14