Зошто мамурлукот тера на секс?

Мамурни сте. Уморни. Главата ви е тапан а џигерот би го однеле на авто - пералница, да го исперат под притисок. И згора на сè, ви се сака! А има причини за тоа.

Мамурлукот е состојба во која јадникот е растргнат од дилемата, дали во весник да се откаже од своето тело или пак истото тоа тело да го почасти со по некој оргазам.

"Напален мамурлук" се уште не е медицински термин но го има во урбаните речници и се однесува на неочекуваната желба за секс во моментите кога се борите со алкохолните лузни од минатата вечер.

Алтернет вади 4 медицински причини за тоа:

1. Мислите на секс

Постои нешто што се вика алкохолна миопија, кога под дејство на алкохол човек гледа селективни можности од ситуацијата во која се наоѓа. Отприлика, повеќе мисли на убави работи отколку на лоши (освен кога се работи за депресивни пијанки карактеристични за трагичните народи; види: Беким Фехмиу во Собирачи на Пердуви или Перхан во Дом за бесење). А сексот е убава работа. 

Како што објаснува еден експерт за Men's Health:

Тоа е како да носите очила на Гугл кои ја блокираат црвената светлина и ви дозволуваат да гледате само зелено".

А бидејќи наутро се уште имате алкохол во себе, организмот и натаму ве тера да мислите на убави работи.

2. Помага да си ја олесните болката

Оргазмот е сериозно ефикасен аналгетик. Некои експерти дури и препорачуваат мастурбирање за олеснување на менструалните болки.

За неколку минути добивате шанса да почувствувате нешто друго освен главоболка и стомачни проблеми. Привремено се ослободувате од физичките болки на своето Чистилиште и сексот ви доаѓа како божја утеха, вели Емили Морс, специјалист за секс и интимни релации.

3 Ви недостасува добар секс

Сексот на пијано често знае да биде лош. Алкохолот е познат кочничар па знае да блокира некој елемент потребен за таа работа. И затоа наутро некогаш се има чувство дека работата не е извршена како што треба па треба... да се доработи.

4. Телото донесува одлуки во ваше име

Група истражувачи од Универзитетот во Вашингтон утврдиле дека луѓе кои пиеле последната ноќ особено тешко ги контролираат своите ерекции. И кога требало да ги добијат и кога биле замолени да ги немаат. Со други зборови, умот на мамурниот човек во такви ситуации не е најодговорен за реакциите на телото.

Како што рековме, мамурлукот е состојба во која јадникот е растргнат од дилемата, дали во весник да се откаже од своето тело или пак истото да го почасти со по некој оргазам.

25 декември 2015 - 17:57