За пармезанот се работи

Агенцијата надлежна за храна врши анализа на пакуваниот рендан пармезан на пазарот во САД, и открива дека дел од брендовите кои ветуваат 100-процентна чистота, не содржат воопшто пармезан во себе, и открива дека ова не е ни приближно најстрашната работа.

По една дојава, кај производител во Пенсилванија, анализата на ФДА покажува дека една од суровините за нивниот 100-проценти чист пармезан се струганици од дрва. Други за пополнување на количините користеле целулоза (која помага против згрутчување), или пак поевтин чедар наместо пармезан.

Процената на луѓето што се во овој бизнис е дека околу 20% од американското производство на рендан пармезан (што е околу 375 милиони долари) е погрешно етикетирано.

"Пресвртот беше ренданиот кашкавал, каде 40% од вкупниот состав воопшто не беше кашкавал," објаснува Нил Шуман, сопственикот на најголемиот продавач на увозник на тврди италијански сирења, Артур Шуман инк.

Заради буката која се крена по извештаите на ФДА, сега на владино ниво се разработува план кој ќе го заштитува производството на кашкавали, со иста строгост како што Германците го штитат пивото или Французите шампањот.

Слободата зад ставање струганици од дрво или поевтини видови кашкавали и сирења, доаѓа од тоа што ФДА генерално е заинтересирана и се обидува да спречи случаи кои се штетни за здравје, што не е случај ниту со струганиците (до одредена количина) ниту со кашкавалите од пониска класа. На страна генералната незаинтересираност на законот околу темава, целата пракса е крајно исплатлива за произведувачите, кои можат да извадат производ по далеку поевтина цена отколку ако го прават по стандард.

17 февруари 2016 - 13:23