Прасето беше Мона Лиза

За оние кои планираат годинава да здуваат на Октобер фест, потсетување дека постирањето фотки од некој фино аранжиран оброк може да донесе и есап за кршење на авторски права и злоупотреба на уметничко дело. 

Тоа што целиот интернет е полн со фотографии тагирани како #foodporn и сл., не му е најважно на германсакиот правен систем.

Уште пред две години Федералниот суд донесе одлука дека посебно аранжираната храна може да биде третирана како уметничко дело и е во комплетна сопственост на авторот. Оттука, не ќе е лошо да се побара дозвола од шефот на салата пред да сликне и објави некоја фино стокмена порција. 

"Оригинално аранжирана храна може да биде сметана за труд заштитен со копирајт и во тој случај авторот има целосно право да решава во која мерка неговото дело ќе биде репродуцирано", објаснува познавач на темата од една германска правна фима.

Таков е законот иако досега ниеден готвач нема тужено корисник затоа што ја снимил и објавил неговата прехрамбена инсталација.

Дури и да не се влезе во таква конфликтна ситуација, не е лошо да се знае и дека германските ресторани имаат право да бараат од своите гости да не прават фотографии додека се во објектот.

22 август 2015 - 14:28