Маслиново за подмачкување мозок

На медитеранската исхрана за која досега се знаеше дека е добра за спречување срцеви заболувања и е најден уште еден бенефит.

6 години хранење како медитеранец во голема мерка ја намалува опасноста човек на стари години да доживее деменција.

Исхраната која се темели на риба и морски плодови, маслиново масло, зеленчук, овошје и јаткасти плодови многу поефикасно го штити мозокот од прехраната со редуцирани масти. 

Зголемената употреба на маслиново масло ја подобрува меморијата, способноста за концетрирање и апстрактно мислење, покажува истражување на шпански научници.

Освен за когнитивните функции, корисните масти кои ги содржи маслиновото масло се добри и за крвните садови и како превентива за артритис.

Деменцијата е најдобро криената болест од страна на луѓето. ОКолу 60 проценти велат дека не би им признале на блиските дека забележуваат симтоми на таа болест кај себе.

23 мај 2013 - 13:41