Глобалното затоплување удри на векната леб

Од истата количина на пченица од која денеска се добива еден леб, до 2050-та ќе се вади помала векна леб исклучиво заради глобалното затоплување кое ќе го намали нивото на протеин во зрното.

Студирајќи ги климатските промени, австралиските научници заклучуваат дека растот на јаглерод-диоксидот ќе ги зголеми растенијата на пченицата и ќе ги направи поефикасни во искористување на водата, ама ќе влијае на квалитетот на зрното.

Нивните процени се дека количината на протеин во зрното пченица до 2050-та ќе се намали од 2 до 14%.

"Лебот не нараснува колку што треба заради што не го добиваш истиот волумен.

Атмосферската концентрација на јаглерод диоксид се зголемува, ги намалува нивоата на азот во растенијата и листовите, и го намалува протеинот во зрното. Протеинот во зрното влијае на протеините во брашното и предизвикува промени во еластичноста и силата на тестото," објаснува еден од истражувачите.

Освен изгледот и големината, научниците немаат претстава каков ќе биде вкусот на лебот од иднината.

23 јуни 2015 - 14:53