Таг: глобално затоплување

Француски ски-центри трајно затвораат заради немање снег

Скијачкиот центар Ла Самбуј во близина на Монт Блан одлучи да ги демонтира сите ски-лифтовите и целосно да престане со работа откако минатата сезона само 4 недели имаа снег и тоа минимално. Највисоката патека во центарот започнува од 1.850 метри.

Климатските промени значат стечај за алпските ски-центри

Една четвртина од европските ски ресорти секоја втора година ќе бидат во минус со снег доволно за да не можат да работат, се тврди во едно опсежно истражување кое го анализира покачувањето на просечната температура за 2 степени Целзиусови.

Дали доаѓа времето на топлотни бункери?

Како што светот забрзано оди кон предвидувањето дека до 2030 ќе го достигне просекот на зголемување на температурата од просечни 1.5 степени Целзиусови годишно, така почнуваат муабети за тоа дека треба да размислуваме за живот под земја, или барем во сутерен. Еден град во централна Австралија веќе живее така - сè е под земја, од цркви до кампови. 

ЕУ се цареви за идеи

По беспоштедната борба која со години се води против прдежите од крави како би се спасила планетата (што полека мутира во што ќе ви е говедско, јадете скакулци), следната брилијантна мерка од ЕУ на темава е блокирање на Сонцето.

Си-ен-ен веќе не може да наметне агенда ни на временска прогноза

Дон Лемон од Си-ен-ен во разговор со експерти за урагани пробува ураганот Иан да му го препише на глобалното затоплување. Првиот пат е учтиво одбиен, вториот пат е научно одбиен.

Ова не е топлотен бран, ова е планета што умира

Најголемиот дел од Пацифичкиот северозапад на САД моментално е заробен под она што климатските научници го нарекуваат „топлотна купола“, која се протега по целиот западен брег. Температурите моментално се вон сите граници. Во Портланд, Орегон, беше 46 степени Целзиусови. Тоа е потопло отколку во Каиро во Египет, или во Карачи во Пакистан.

Новите коли загадуваат повеќе од старите?

Автомобилската индустрија оди во рикверц кога е во прашање справувањето со климатската криза, е заклучокот на ново британско истражување според кое сите сте запнати што поголема кола да купите.

Борис Џонсон заменет со скулптура од мраз на ТВ дебата за глобалното затоплување

Замената е откако Џонсон ја одбил поканата да учествува во дебата околу климатската катастрофа што се случува, а како што може да се очекува од скулптура сместена под телевизиски рефлектори, за време на целата дебата таа топеше.

Октоберфест загадува повеќе од Бостон

Годишниот аџилак на милиони луѓе од пивска вероисповест е и еден од настаните кои најмногу загадуваат на планетава, без притоа да се брои кој како стигнал до таму.

Добри вести за тие што сакаат потопли и подлабоки океани

Иако температурата на океаните почнува да расте уште од 1970-те, последниве 25 години човештвото се потруди тие да се загреваат два пати побрзо.

Како на Путин му засмета глобалното затоплување

Иако главно трагично за остатокот од светот, за Русија глобалното затоплување го отвори пристапот до арктичката нафта. Сега стравот е дека истото ова затоплување последниве години малку претера со отворањето.

Гренланд се топи, ваистину се топи

Снимката е од населбата Кангерлуссуак на западниот дел од најголемиот остров на светот. Населбата не е по ништо посебно фасцинантна, освен по тоа што се наоѓа на 50 километри од Арктичкиот круг, а пред некој таму беа измерени 22 степени Целзиусови.

Радикално решение за климатските промени што добро ќе ни дојде

Доколку се продолжи со загревањето на планетава луѓето низ Европа ќе мора да почнат да работат драстично помалку часови неделно за да се избегне климатска катастрофа. Колку драстично? Максимум 9-работни часа неделно.

Крајот на човештвото никогаш не изгледал толку спокојно

Стефан Фостер 8 години патува низ Грендланд, и осум години нема една причина за радост. Меракот е што гледа величествена природа недопрена од човек. Проблемот е што гледа како истата оваа природа се топи и ја снемува пред негови очи заради зла направени на сосема други краишта од планетава.

Кога врне, истура, буквално

Во период нешто пократок од две недели врне 50% од годишниот дожд кој и следува на планетава, а како што минуваат годините до крајот на веков овој период само ќе се намалува.

Лос Анџелес или ќе плати милијарди или ќе го снема во океан

Градот и неговата околина од прва рака ќе имаат можност да се запознаат со последиците од глобалното затоплување и кревањето на нивото на океаните, доколку во најскоро време не почнат да работат на проблемот.

Зошто летово е толку топло кај луѓе што не се научени да им е топло

Пејзажот во Британија летово доби сосема нов изглед на сателитските снимки, во Шведска има пожари како никогаш до сега, руски градови во околина на Арктичкиот круг постигнуваат рекордни температури, а Јапонија се топи. Човеков пробува да го одговори прашањето без да спомне глобално затоплување (барем не на прва).

Моментален статус на глобалното затоплување: Ни нема спас

Нема начин како да се запре процесот што ги растопува јужниот и северниот пол, и многу малку луѓе се подготвени да го кажат тоа, тврди британскиот научник Мајер Хилман, кој јавно се откажа од пишување на оваа тема „затоа што веќе нема што да се каже.“

САД и Сирија останаа сами на планетава

Откако се потпиша и Никарагва, на површина излезе едно необично перверзно сојузништво: САД и Сирија се единствените држави во светов кои не ја дадоа својата поддршка за парискиот климатски договор.

Стокава има сите да нè убие

Метанот е стакленички гас што е 86 пати поштетен отколку јаглерод-двооксид и по ново до неодамна сериозно сме потценувале колку многу го произведуваме. А го произведуваме по две основи: вадење нафта и гас, и одгледување стока.

Дали стварно е страшно ако светот стане потопол за некој степен?

Не е страшно ако немате гајле од пожари, еднаш во 1000 години невремиња и смртоносни топлински бранови. Инаку да, страшно е.

Хамбург против океанот

Како еден од главните транспортни центри на Германија, Хамбург ќе потроши речиси 600 милиони долари во следните над 30 години, во обид да се одбрани од океанот. За тие што не се запознаени со локалната географија: Хамбург се наоѓа на 110 километри од отворено море.

Што се случува со брезите?

На латински ја викаат „девојка“. Несомнено затоа што е едно од најубавите но и најнежни дрвја што постојат. Кај нас ја викаме бреза. Со позлатени лисја наесен, со блескаво бела кора и сино небо како позадина ù нема рамна. Сепак, за жал, сè почесто гледаме вакви нежни и преубави дрвја на умирање или веќе мртви. Што се случува со брезите кај нас?