Европа ги поддржа лажните бургери и кобасици

Сè започна со пастрмалијата во која нема пастрма и растителниот кашкавал кој не е кашкавал, а работите не одат на добро. Европскиот парламент ја одби иницијативата на месарите да знаеме што јадеме.

Растителните производи кои не содржат месо ќе можат да ги бидат етикетирани како „кобасици“ и „бургери“, реши Европскиот парламент одбивајќи го предлогот на месната индустрија да се им се забранат тие термини. 

Инцијаторите сметаат дека вегатаријанските замени кои асоцираат на месо ги заведуваат корисниците во погрешна насока но од другата страна на дебатата биле 13 моќни организации, вклучително Гринпис кои бараа предлогот да биде одбиен за ЕУ да не биде исмеана и да не го изгуби својот кредибилитет во областа на заштитата на околината. 

Според нив, промовирањето на транзицијата кон растителна исхрана е во согласност со амбицијата на Европската комисија за справување со глобалното затоплување и губењето на можноста некои продукти да бидат нарекувани стек или кобасица ќе ги направи помалку видливи за корисниците.

Сегашната позиција на Европскиот парламент е спротивна со нивната одлука од пред 3 години кога забранија растителни течности да се нарекуваат млеко, како што е јогурт од соја или млеко од бадеми.

*********

Види и:

Јагмата по „бадемово млеко“ ги потепа американските пчели

24 октомври 2020 - 15:10