Том Круз на порното

Улицата меѓу актерството и порното најчесто е еднонасочна. Во обратен смер ќе се обиде да тргне Џеjмс Дин кому сериозната ABC му посвети цел прилог загрижено прашувајќи ги родителите дали се свесни дека нивните ќерки се повеќе фантазираат за 'романса' токму со него. 

26 годишниот Џеjмс Дин е одбран за главна машка улога во престојниот филм The Canyons на Брет Истон Елис (автор на Less Than Zero и American Psycho) кој ќе го режира Пол Шредер (сценаристот на Таксист и режисер на Американскиот жиголо).

Дин е избран на лично инсистирање на Елис иако критичарите се сомневаат дека ваквата одлука е вешт продуцентски маневар кој има за цел да ја привлече големата база женски обожавателки на порно ѕвездата.

Џеjмс Дин (нормално, "работно име") вели дека прифатил улога во ваков голем меинстрим филм само од почит кон писателот Елис.

Тврди, да бил Спилберг, ќе го одбиел.

"Ќе го прашав, дали навистина мислиш дека можеш да ме платиш да работам нешто толку понапорно од мојата работа и плус да нема секс во тоа?," вели Дин за Гардиан.

Во последно време се почесто се случуваат 'прелевања' на порно светот во традиционалните медиуми. Куќи како ABC прават прилози, гиганти како HBO најавуваат серии емисии посветени на овој бизнис, добар дел од денешните ѕвезди (Парис Хилтон, Ким Кардашиан) се тоа баш заради објавените порно снимки со нив. За многумина, ова е доказ за смената на генерациите и за тоа колку порното е секојдневно достапно и веќе не е тема од подземјето.

"Дин не е некој напумпан и искварцан пастув, туку е сосема нормален дечко со сте можеле да се сретнете на факултет", вели Елис за својот нов актерски пулен.

Претходната голема приказна ја направи феноменалната Саша Греј која сними филм со Содерберг, се појави во мега популарната серија Entourage а е прифатена и од модната индустрија.

Постарите слични примери се поврзани со филмските обиди на Трејси Лордс и Рон Џереми, а незаборавна е и кариерата на Чичолина која стана пратеник во италијанскиот парламент. Врв на политичката 'пожртвуваност' беше нејзината официјална понуда да го легне Садам Хусеин за да се спречи војната.

9 март 2012 - 09:37