Живот и забава

Моќта го вади од тебе тоа што си

Моќта го исфрла на површина нашиот вистински карактер, ги откочува инхибициите и го ослободува нашето внатрешно „јас“. Тоа значи дека ако си сељак и добиеш власт, после ова ќе станеш уште поголем сељак. Ако си господин човек, има шанса да станеш уште погосподин. Повеќе

Кога свињата е поскапа од касапот

Во 90-те во Германија се крева сериозна галама откако се дознава за малтретирањето на стоката и условите во кои таа живее, пред да биде заклана. Мерките кои по ова се воведени го поскапуваат увозот на месо, меѓутоа Германецот спремен да плати за квалитет нема поплаки околу тоа. Тогаш месната индустрија прави пресврт - зошто ние да нè фатиме да произведуваме месо, а наместо месо ќе увезуваме касапи. Повеќе

На изумителот на Рубиковата коцка му требал еден месец да ја реши

Интересен детал од раѓањето на најпознатата коцкаста мозгалица на светот. Човкоет прва ја смислил и ја составил коцката за дури потоа да сфати дека има проблем. Повеќе

Технологијата ќе ни ги убие „Граѓанските преписки“

Ако разлистате по таа драгоцена под-рубрика од нашата Македонштина, ќе сфатите дека тоалетната хартија е една од топ темите на која Македонците често имаат потреба да се објаснуваат (на работа, кафичи и сл). Како се користи, кој зема премногу, дали е фер така... и ред други витални аспекти. И сега Кинезите и нивната технологија мислат дека така било тоа.   Повеќе

ЧИА си, на кого џабе радости му носиш?

Чиа семето во последно време е една од најголемите ѕвезди на здравата и фенси исхрана. До толку е станато популарно што пред некој ден шокирани слушнавме двајца најнаши луѓе, довчерашни хедонистички соборци, како си зборат дека едниов користел чиа, а другиов ленено семе. Џизс! Па така малку да им го сјебеме ентузијазмот. Повеќе

Трамп ја кине радиодифузијата

Во првиот предлог буџет на Доналд Трамп има јасни назнаки на неговата политика и за тоа каде тој навистина сака да оди. Од една страна предложи енормно зголемување од воениот буџет, од друга комплетно кинење на секоја помош на јавната радиодифузија. Повеќе

Животот е работа во администрација

За да бидат примени во каква било јавна служба во Италија, кандидатите прво треба да го минат задолжителниот тест. Во случајот со вработувања во полицијата, овој тест се држи во спортски или концертни сали, за да може да ги собере сите заинтересирани. На последниот конкурс за 14 работни места, има 10.000 кандидати. Повеќе

Што погрешно научивме на школо?
Назад во прво:

Нека не ви е криво што како мали ве учеле дека „Тито сите нè гледа“ или дека партизаните се тепале со балистите. Тоа само значи дека сте стари. Оттогаш не издржа ни Плутон, а не па Тито или историските лекции. Седум некогашни факти што веќе не се тоа. Повеќе

И вибраторот ве шпионира
Нов упад во приватноста:

А вие се секиравте за вашиот смартфон, камера од лаптоп, микрофон од телевизор.... Одиме подлабоко: произведувач на вибратори од Канада ќе треба да плати милионска отштета на темава, што во случајов е доста специфична - кхм - пенетрација во приватноста. Повеќе

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се вика „Мојата прва задача“. И во неа се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко. Повеќе