Амазон ги баталува продавниците „земи и излези“

Изгледаше нестварно добро концептот кој Амазон го промовираше пред осум години по кој влегуваш во продавница, земаш што ти треба и излегуваш, без редови, без каса, без наплата. Иако изгледаше комплетно автоматизирано, во суштина армија Индијци ги гледаа снимките од продавницата и ви ја правеа сметката. Сега ни Индијци не им требаат.   

Амазон постепено ги укинува своите гранапи без наплата кои функционираа по принципот „Само излези“. Тој концепт се потпираше на камери и сензори за следење со што луѓето ја напуштаат продавницата.

Нешто повеќе од половина од продавниците на Амазон Фреш без опремени за „Само излези“. Технологијата им овозможува на клиентите целосно да ја прескокнат наплатата со едно скенирање на QR-код кога ќе влезат во продавницата. Иако изгледаше целосно автоматизирано, концептот зависеше од над 1.000 луѓе во Индија кои гледаат и етикетираат видеа за да обезбедат точни наплати. Со други зборови, касиерките едноставно беа преместени надвор од дуќанот и ве гледаа додека купувате.

Наместо „Just Walk Out“, Амазон сега се клади на смарт колички за купување кои се опремени со вграден скенер и екран што овозможува сами да ја завршите купуванката.

Just Walk Out првпат беше претставен во 2016 година и ја претставуваше најголемата и најхрабрата иновација на Амазон во купувањето намирници.

Технологијата изгледаше чудесно но имаше неколку сериозни мани. Честопати клиентите чекаа сметка со часови откако ја напуштиле продавницата, најмногу затоа што офшор касиерите одново прегледувале видео и им доделувале предмети на различни клиенти. Системот на скенери и видео камери во секоја продавница е исто така скап а проблематичен беше и процесот на оспорувањето на конкретна сметка.

4 април 2024 - 14:24