Зошто "нов"?

Пред лансирањето на новата верзија на таблетот, главни шпекулации беа што е ново во хардверот и како ќе се вика. А се вика "нов Ајпад."

Главни фаворити за името беа "iPad 3" и "iPad HD" но на вчерашната презентација уредот беше преставен како "нов iPad."

Со тек на време се очекува Епл да престане да го вика "нов" и да продолжи да го именува само како "iPad."

Се очекува сличното да се случи и со iPhone, бидејќи сегашната верзија на телефонот е обележана како 4S и покрај тоа што е петта генерација на iPhone.

Ваквата номенклатура не би требало да претставува логистички проблем за Епл, бидејќи и онака објавуваат само една нова верзија годишно.

Запрашани за името, од Епл одговориле: "Затоа што не сакаме да бидеме предвидливи."

8 март 2012 - 14:54