Веќе го имате Фејсбук телефонот

На денешната конференција Марк Закерберг конечно прозборе за "Фејсбук телефонот," целата работа е веќе го имате Фејсбук телефонот, доколку сте на Андроид.

Закерберг ја презентираше апликацијата за Андроид - "Home" која во основа го превзема вашиот мобилен и почетниот екран и сите случувања на Фејсбук ви ги прикажува на него.

"Не сакаме да направиме некој нов или оперативен систем кој во најдобар случај би имал 10% од пазарот. Нашата заедница има 1 милијарда луѓе, ние сакаме да створиме искуство за сите нив."

Освен пораките и случувањата, на екранот постојано ја има сликата од вашиот профил, преку која пристапувате до пораки, сите апликации и последната вклучена апликација.

Посебно внимание е посветено на Фејсбук пораките, на кои им е променет начинот на нотификација, па сега се достапни во секоја апликација (исто како сега, ама не е исто), а добиваат и поинаков начин на интеракција.

Откако ќе ја инсталирате апликацијата, ќе можете да изберете дали сакате само еднаш да ја пробате, или трајно да го замените постојниот Андроид изглед со Фејсбук.

Премиерата на Home ќе биде на 12-ти април, а за почеток тој ќе биде достапен на HTC One, HTC One X, Samsung Galaxy S3, Samsung Galaxy S4 и Samsung Galaxy Note II. Со тек на време, Фејсбук ќе го проширува списокот на Андроид телефони на кои Home ќе биде достапен.

AT&Т и HTC го најавија First, новиот смартфон на HTC кој од старт доаѓа со инсталиран Home. Цената ќе му биде 99,99 долари и ќе биде достапен од 12. април. Во Европа, овој телефон на почеток ќе биде достапен во Orange и Everything Everywhere.

4 април 2013 - 19:26