Таг: андроид

На смартфон никогаш ништо нема да биде безбедно, па ни приватно

До пред само некој месец апликациите за камера на Самсунг и Гугл смартфоните, имале пропуст преку кој напаѓачи може да пристапат до камерата, да снимаат аудио, видео и да фотографираат со нејзе, истото да го качат на сопствен сервер, и сето тоа без ти ниту да знаеш ниту да претпоставиш дека нешто ти се случува.

Хармони ОС, замената на Хуавеи за Андроид

Бекап планот на Хуавеи за Андроид, во случај на вечен бојкот од САД, се вика ХармониОС, и според нив е побрз и побезбеден од Андроид, и за сега намерата е да се користи за ИОТ производи (паметни телевизори, автомобили, звучници и сл...) а не во смартфони.

Бескорисен како Андроид анти-вирус

Последната проверка на анти-вирус категоријата на Андроид покажала дека две третини од сите апликации на темава се комплетни измами.

Дали Гугл се спрема комплетно да го гаси Андроид?

Без многу галама Гугл вчера објави сите Андроид апликации, такви какви што се ќе можат директ да се користат на следната генерација оперативен систем на компанијата - Гугл Фјуша (Fuchsia). Да разјасниме, Фјуша не е апдејт на Андроид, туку целосно нов оперативен систем што може да работи на најразлични уреди.

Најдоброто од Гугл плеј за годинава

Изборот е поделен на неколку категории, две важни: најдобра апликација и најдобра игра; и уште неколку ставки како филм, музика и сродни мултимедијални содржини што Гугл се обидува да ги истурка во својата продавница.

Микрософт дозволи Андроид апликации на Виндоус 10

Целата работа ќе почне со пристап до пораки и фотографиите на твојот Андроид преку десктоп / лаптоп, а потоа истото ќе се прошири и на сите Андроид апликации.

Гугл може ќе му плаќа 8,8 милијарди долари на Оракл заради Андроид

Дури ни долар да не заработи од производите на Сан микросистемс, Оракл ќе ги врати сите пари што ги даде за купување на компанијата (7,4 милијарди долари) само од една тужба против Гугл по основа недозволено користење на една нивна технологија.

Фејсбук го гледа Андроид како поле за жнеење СМС-и и контакти

Додека сезоната за лов на Фејсбук и понатаму е во најголем ек како никогаш до сега, се продолжува со лепењето на „застарени дела“ на социјалната мрежа. Овој пат, тоа е дека тие ги собирале сите информации за испратени и примени пораки, и телефонски разговори од твојот смартфон.

Сноуден направи апликација што претвора смартфон во безбедносен систем

За поставување на системот ти требаат три работи: вишок смартфон (може и стариот што не си го продал), да биде Андроид и да си доволно параноичен за да мислиш дека некој ти влегува во стан, соба или канцеларија додека не си таму.

А ќе речеш не може нешто да е поглупо од спинер

Како не може, а смартфон апликација за спинер? Виде. Без никакви предрасуди ја има и за Ајфон и за Андроид, па кој сака нека врти вртиуелно.

Што сè излезе на првиот ден од Гугл I/O

Андроид О, Гугл ленс, печатени фото-албуми, попаметни апликации за по дома, виртуелна реалност, ама не и нов смартфон. Барем не за сега.

Смартфон во раце на Трамп (по дефиниција) е опасна работа

Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.

А ова си ти кога го браниш твојот Андроид

Би ставиле во наслов и Ајфон наместо Андроид, ама корисници на Андроид далеку повеќе се палат околу телефоните. (Освен тие што решиле дека се исплати да продадат бубрег за да имаат Ајфон, и мислат дека имаат светиња во џеб.)

Трите проблеми што Европа ги има со Андроид

По неколку месеци неизвесност ЕУ и официјално го обвини Гугл за монополско однесување околу Андроид оперативниот систем. Ставот на ЕУ е дека Гугл ја користи доминантната позиција на Андроид за да ги промовира сопствените апликации и производи, на сметка на конкуренцијата.

Најдобри Андроид апликации објавени во 2014-та

Наше е да ви кажеме да додржите и да не ја инсталирате секоја можна апликација што ќе ја видите на листава (или на проширената верзија). Ваше е да не' послушате барем 50%.

Андроизирај се

Не е за тоа што ќе направиш со телефонот, туку што ќе направиш од себе. Го имаш стартниот андроид робот, и од него треба да направиш нешто што најмногу наликува на тебе или тоа како ти се замислуваш себе. Нешто како оние куклине за облекување од Политикин Забавник, ама со Дроид.

Гушки од вашиот Андроид

Животната филозофија на апликацијава е "А зошто да не те гушнам?" Ти ги ставаш нив како позадина, а они секогаш ти се при рака и чекаат само дупли клик за да ја остварат својата животна мисија. Запознајте ги Ooshies и гушкај.

Провери колку не си зависен од мобилниот

Дојдовме до момент во човештвото кога стана успех да издржиш 30 минути без да пипнеш телефон. Апликација (иОС / Андроид) на тема продуктивност / фокусираност ви дава да насадите дрво на кое му требаат 30 минути за да порасне. Кога ќе порасне оди кај вас во шума. Ако во овие 30 минути го пипнете телефонот, дрвото згинува.