Децата ќе минат 10 години живот во метаверзум

Ново истражување на водечки стручњаци од британски институт за инженерство и технологија предвидува дека идната генерација ќе минат 10 години од своите животи во виртуелна стварност, односно по 2 часа и 45 минути дневно.

Истражувањето открива дека речиси две третини (62 проценти) од родителите на деца на возраст од пет до 10 години, во моментов не го разбираат метаверзумот.

Открива и дека 15 отсто од децата во Британија веќе ја пробале виртуелната реаланост (ВР) а шест отсто од нив ја користат редовно Лани, процентот на возрасни во Обединетото кралство кои искусиле ВР се удвостручил, од 10 проценти во јануари 2021 година на 22 проценти во декември 2021 година.

Студијата исто така открива дека повеќе од една петтина од децата на возраст меѓу пет и 10 години веќе поседуваат свои ВР слушалки или побарале сличен технолошки подарок за роденден или Божиќ.

Само еден од десет родители се чувствува комфорно кога му дозволува на своето дете без надзор да го истражува метаверзумот преку ВР. Од родителите чии деца веќе комуницираат со ВР, секој четврти признава дека воопшто не знае до што всушност пристапува нивното дете во овој нов виртуелен свет.

23 април 2022 - 17:02