Ајфон 7 чини 225 долари за да го произведеш

Тоа што Тим Кук постојано ги отфрла процените за цената на материјалите, не значи дека ќе се престане со постојани проценки за тоа колку чини да произведеш Ајфон. Па, според истите кредибилни извори, производството на седмицата чини 225 долари.

Голата цена на материјалите за седмица од 32 гигабајти е 219,80 долари, ако на ова се додадат трошоците за "основно производство", вкупниот трошок расте на 224,80 долари. Оваа сума е 36,89 долари повисока отколку цената за производство на минатогодишниот Ајфон 6 плус.

Ваквиот раст на цената на производството е идентичен со растот на цените што истите овие "проценители" го забележаа и кај телефоните на Самсунг.

Поделено по компоненти поскапувањето најмногу се должи на одлуката на Епл да ја дуплираат НАНД флеш меморијата на 32, 128 и 256 гигабајти. Па заедно со 2 гигабајти СДРАМ на Самсунг, новиот НАНД чип од 32 гигабајти се проценува дека чини 16,40 долари.

Воведувањето на новата црна боја временски го продолжува процесот на производство и со тоа го ја зголемува и неговата цена.

И понатаму најскап дел е екранот на Ајфонот, кој сега чини 43 долари, додека чипот на Интел е 33,90 долари. А10 чипот чини 26,90 долари, модулите за камерите, задна 12 мегапиксели и предна 7 мегапиксели, заедно чинат 19,90 долари. За алуминиумската кутија на телефонот Епл плаќа 18,20 долари.

Заедно со сето ова треба предвид да се земе и минатогодишната изјава на Тим Кук, дека никогаш до сега не видел проценка на цената на деловите и трошоците на производство "која е и приближно точна."

7 октомври 2016 - 10:01