Земјотресот удри на Пармезанот

Во целата несреќа што ја снајде Италија со земјотресот има 7 човечки жртви и над 300.000 уништени пити кашкавал. Од најдобриот.

До сега штетата направена на производителите на кашкавал се проценува на 250 милиони евра, откако 300.000 пити Пармезан и Грана Падано беа уништени во земјотресот.

"Земјотресот беше многу силен и сериозно ја оштети структурата на голем број магацини, како и илјадници тони кашкавал. Ова е голема загуба, но немаше жртви, што е огромно олеснување во овој миг," изјавил Стефано Берни, првиот човек на конзорциумот за заштита на Грана Падано.

Тој порачал дека првичната проценка на штетата од 250 милиони евра е "многу конзервативна" и дека допрва треба да се процени состојбата.

22 мај 2012 - 10:53