Писма од ДИК

Исправање историска неправда кон скопските панкерчиња

Македонскиот Милан Оклопџиќ и дечко чии патеписи со голем ќеиф ги читаме (види овде), поттикнат од каменичкиот бенд чиј спот неодамна го објавивме (овде), нè потсети дека на он.нет пропуштивме да објавиме еден сличен занимлив бенд од Скопје кој веќе не постои. А ние сме од оние што би да се одужиме, макар доцнеле. Еве што ни пишува Дик Мејџор.

Поздрав Трендо, па и повеќе...

Како и вообичаено, се кљукам со твојава веб страна како со седативи после избориве. Тамам ми е да ме олабави; без мислења, размислувања, ставови и слично срање а со многу кинески ковачи, Ен Рајд, водителот кој цел живот се бореше за револуционерното правило во фудбалот и мамлазот Кајшаров. Честитам на махерлукот (овој пат) да успееш да се изоставиш од политичкиот биполарен гомнарлук (читај мој прв, или втор можда беше меил до тебе).

Ok. Даље:

Многу ми остави впечаток музиката на LITHIUM во NetRoulette, секоја чест. Али, исто така ми остави впечаток и уредничкото“При што тапанарот има 10 години"...

Е сега, само да ти воочам нешто... Во 2007ма, имаше еден бенд што се викаше “Жута Патрола“ каде пеачот, кој беше најмал - Кико од Водно, имаше 10, а колегите од бендот 11 до 11ипол годинки. Имаа свирки низ Скопје што им ги организираше татко му на Кико, Баже - бубњарот на “Пеницилин“ (цимер, дека си бе цимер), кој после музичката кариера стана одгледувач на цвеќе во Виница (романтичар до крај, нема што!). За жал, Баже скина пред некои си 5-6, можеби и 7 години и панк бендот-копиљаци се распадна.

Па да ги ѕирнеш, во тоа време (кога пропушти да го пуштиш спотот на on.net!)

Јебига, сега веќе не се хит пошто немаат десет, а и не постојат, пошто не беа промовирани...

Пејачот, кого го сакаа сите водњанки од четрнес’ па надолу, набрзо стана маалски, и му стоеше; Ако ми е некаква утеха на мене лично, еднаш ми кажаа дека он ми го украде стереото од ауто. Ама, ми го врати он лично со изговор дека знаел кој го украл, па он демек средил да ми го вратат (кога сфати дека се знаеме од легендарната “Лудница“ која беше во бивша Ирачка Амбасада; ако ти текиња).

Тоа ти е, малиот испадна панкер скоро до крај. Да имаше само уште малку муда, па да не ми го вратеше стереото кое ми го украл некој друг - ќе го почитував уште повеќе; а да имаше малку интернет к'смет - ќе беше ѕвезда, барем тоа е сигурно.

И тоа ти е. Сега го гледам Кико низ маало, вози мотори, поправа мотори. Сé уште е фраерче. Не тргна по кариерата на неговите постари браќа кои прават најбољи фризури во Капиштец и, за жал, не продолжи по стапките на татко му.

Но, иднината е неизвесна. Најстариот брат има детуле кое се вика Баже како дедо му. Ваљда ќе гледаме нешто вакво слично за некоја година.

Те поздравувам.

Уживај:

Твојот,
Кур Поголем

17 декември 2016 - 11:19