Сиера Леоне го доби најбескорисниот лек за ебола

Нигерски свештеник ја покажа својата човечност и им понуди лек на заболените од ебола во соседна Сиера Леоне, испраќајќи им на властите - 4.000 шишиња (негова) света вода.

Пратката од христијанскиот свештеник Темитопе Џошуа, полна со негова патентирана света вода, заедно со 50.000 долари во готовина со приватен авион е испратена во Сиера Леоне. (И превозот со приватен авион го чини околу 50.000 долари.)

Инаку човеков е милионер, кој според Форбс вреди меѓу 10 и 15 милиони долари, и е еден од најбогатите пастори во Нигерија. Тој е и еден од најконтроверзните.

Џошуа е основач на Синагогата Црква на сите нации, а во тек на кариерата некои го прогласија и за пророк. Во неговиот арсенал има и моќи за лекување кои се справуваат со дузина инаку неизлечиви болести како рак и ХИВ. Исто така, може да ја гледа иднината.

Подарокот од човеков би бил далеку поефикасен и никој не би му замерил за тоа што си направил меѓународна реклама за магичноста на неговиот производ, доколку докторите во Западна Африка не се здробија обидувајќи се да им објаснат на луѓето во руралните краеви дека - треба да се потпрат на науката за решавање епидемијата, а не на молитви и врачови.

Човекот кој на Фејсбук има 1,2 милиони следбеници, и околу 107.000 на Твитер, низ годиниве имаше изјави дека ги предвидел бомбашките напади на Бостон и губењето на авионот MХ370. Џошуа е сопственик и на христијанската телевизија Емануел ТВ.

Еве го Џошуа на дело:

18 август 2014 - 16:58