Шпанска Мелила падна пред 2.000 африкански мигранти

Африкански мигранти, по цена од 23 загинати, успеаа да ја пробијат заштитата околу Мелила, шпанската енклава во Северна Африка, и околу 140 од нив (500 според неофицијални бројки) да влезат на тло на ЕУ.

Официјалната верзија е дека жртвите загинале обидувајќи се да ја прекачат железната ограда која го дели градот од остатокот од Мароко и Африка, додека снимките пак покажуваа како мароканските безбедносни сили со палки се обидуваат да ја стават во ред толпата мигранти.

Според мароканското МВР во судирот загинале 23 лица, според невладините / хуманитарни организации, има 29 загинати.

Шпанија за организираниот упад ги обвинува „мафиите што шверцуваат луѓе“ и дека тој претставува напад на територијалниот интегритет на Шпанија. Од шпанската полиција изјавиле дека мигрантите во обидот да влезат во Мелила против безбедносните сили користеле стапови, ножеви и киселина.

Во стампедото на над 2.000 мигранти биле повредени 176 марокански полицајци и 49 шпански граничари.

27 јуни 2022 - 13:36