САД се повлекуваат и од Советот за човекови права на ОН?

Американската амбасадорка  во Советот рече дека нејзината земја го преиспитува своето членство во ова тело поради хроничната анти-израелска атмосфера меѓу членките на Советот.

На почетокот на тринеделниот состанок на 47-те држави членки Советот кој е сместен во Женева, американската амбасадорка Ники Хејли рече дека САД ја преиспитуваат потребата од учество во ова тело кое според нивната оценка, робува на хронични предрасуди кон Израел и неговата политика.

На САД им пречи што нивниот главен блиско-источен сојузник постојано се наоѓа на агендата на Советот, првенствено поради третманот на Палестинците и продолжувањето на градењето еврејски населби на териториите кои Палестинците ги сметаат како делови од идната евентуално независна држава. 

Администрацијата на Обама играше ладно со Нетанјаху на површината на случувањата но за битните прашања сепак им чуваа грб. Така во 2016 година кога Советот за безбедност на ОН донесе резолуција против израелските градби на Западниот брег и источен Ерусалим, американската претставничка го искористи правото на вето.

Овојпат Хејли за споредба го искористи случајот со Венецуела која е членка на Советот а истиот не расправа за загинатите демонстранти во анти-владините протести против претседателот Николас Мадуро.

Таа планира паралелно да организира свој самит во Женева кој ќе расправа за Венецуела а од Советот за човекови права побара да донесе резолуции со осуда и за Сирија, Еритреја, Белорусија, Украина и Демократска Република Конго.

****

Види и:

Човековите права во челуста на пропагандата 

6 јуни 2017 - 15:56