Робовите од Карибите против Европа

Лидерите на 15 карипски нации едногласно одлучиле да поднесат тужба против Англија, Франција, Холандија и други европски држави заради штетата што овие земји ја предизвикале со ропството.

Како исход на тужбата се бара формално извинување од европските држави, бришење на долговите и останати мерки кои се наведени во планот од 10 делови.

Иако во Тони Блер во 2007-ма зборуваше за "неиздржливите страдања" од ропството наметнати од Британската Империја, а Саркози во 2010-та им го прости долгот на Хаити како дел од помошта за земјата, ниту една од овие држави се нема официјално извинето за своите гревови.

Една од клучните точки ќе биде и враќање во татковината за сите Растафаријанци кои од Карибите сакаат да си заминат во Африка. (Ова е една од главните ставки на Растафаријанството.)

"Ова се разумни барања до владите чии држави се збогатија на трошок на оние региони од кои тие го украдоа човечкото богатство," изјавил претставникот на Leigh Day, адвокатската компанија која ги претставува карипските држави.

Оваа компанија извади отштета од 21,5 милиони долари за Кенијците кои ја преживеаа тортурата од британските колонијални власти за време на Мау Мау востанието во 50-те и 60-те години од минатиот век.

Карипската група е составена од членките на CARICOM:

- Антигва и Барбуда
- Бахами
- Барбадос
- Белизе
- Доминика
- Гренада
- Гвајана
- Хаити
- Јамајка
- Монсерат
- Сент Китс и Невис
- Санта Луција
- Сент Винсент и Гренадини
- Суринам
- Тринидад и Тобаго

Без разлика на тоа што САД станаа доминантна светска сила благодарејќи на робовите, тие не се спомнати во тужбата најмногу затоа што најголемиот дел од американските робови доаѓаат од Африка, а не од Карибите.

12 март 2014 - 17:25