Обама во Берлин 5 години подоцна

Во 2008-ма Обама како кандидат за американски претседател одржа говор во Берлин, годинава се врати во главниот град на Германија и пак збореше. Еве што кажа тогаш, а што сега.

Годинашниот говор пред Бранденбуршката порта има многу повеќе муабет за глобалната економија, за еднаквост, и за алатките на НСА за надгледување. Сега кога веќе е претседател во втор мандат, тој не мора да го докажува своето познавање од меѓународна политика или историјата на Германија и Европа.

Двете главни теми годинава биле нуклеарното оружје и економијата, додека во 2008-ма главните теми се војните во Ирак и Авганистан.

Ставени во облачиња, со соодветна големина според бројот на споменувања, годинава се истакнуваат зборовите: правда, слобода, нуклеарно. Во 2008-ма големите зборови се: моментот, мора, светот. И во двата говора речиси идентичен број на пат се споменати "Берлин" и "луѓе".

20 јуни 2013 - 12:03