Таг: Берлин

Берлинската техно-сцена стана културно наследство на УНЕСКО

Агенцијата на Обединетите нации одлучи да го признае придонесот што техно сцената го има кон културниот идентитет на Берлин, и како таква ќе ја додаде на својот список на нематеријално културно наследство.

„Круговите на Берлин“: кога југословенските олимпијци одбиле да го поздрават Хитлер

Годината е 1936, а Олимпијските игри се одржуваат во Берлин. Канцелар на Германија е Адолф Хитлер и него спортистите во дефилето го поздравуваат со тн. „олимписки поздрав“, кој неодоливо потсетува на оној фашистичкиот со кренатата рака. Но не и оние кои дошле од Кралството Југославија.

Тиндерот на раниот 20 век, или кога во берлинските ноќни клубови флертувале преку - пневматски цевки

Вообичаеното мислење е дека денешното среќавање на потенцијален партнер преку интернет и апликации ја има убиено романтиката и целиот тој ритуал на спарување. Но процесот на проценување и испраќање вербални и невербални пораки на потенцијалните партнери од далечина не е нов.

Музеј во Берлин ќе се реновира цели 14 години

Во октомври Пергамскиот музеј целосно ќе ги затвори своите порти поради долгорочни реновирања. Клучниот збор тука е „долгорочни“.

MME: нова изложба на тема пцовки и клетви во Берлин

Од „клетвата“ на саркофагот на египетскиот фараон Тутанкамон, до современи начини на колнење и пцуење, нова изложба во Музејот на комуникација во Берлин ја следи историјата на еден универзален елемент на човечкото однесување. 

Германија изгуби трпение за зелените

Зелените радикали во Германија, во четвртокот го пробија заштитниот бедем и час и половина го попречуваа работењето на аеродромот во Берлин. За тоа, што не беше отсекогаш случај, не наидоа на разбирање. Сепак, впечатокот е дека нив дури и покомотно им е кога се неразбрани. 

Германија почнува да изгледа многу познато

На јавен базен во Берлин се прави масовка во која учествуваат едно стотина мажи, за чие раздвојување подоцна доаѓаат 13 полициски возила со исто така околу стотина полицајци. И сето тоа затоа што некој испрскал некого со пиштол на вода.

Анита Бербер: Премногу скандалозна, дури и за Берлин во 1920-те

Берлин е град на духови, а еден од најфасцинантните е Анита Бербер, високата свештеничка на декаденцијата - со исцрнети очи и црвени коси и усни, засекогаш запаметена низ четката на Ото Дикс, божица на кабарето и предизвикувачка на табуа со перформанси што кршеле граници и би шокирале дури и денес.

Берлин лабавее

Најмногу што на времето можеше да се ќари од јавниот превоз во Скопје беа филтерчиња од картите за автобус. Сега Берлин оди еден чекор понапред и пушти во оптек карти за метро од коноп што се јадат.

Полицијата го расчисти последниот крајно-левичарски камп во Берлин

Во селењето на околу 50 лица кои живееа во автомобили и метални контејнери во еден парк во Берлин, беа ангажирани над 2.000 полицајци.

Скандалозниот германски експеримент во кој сирачиња биле вдомувани со педофили

Се викал „Проект Кентлер“, според германскиот психoлог Хелмут Кентлер кој бил негов творец. Експериментот предвидувал намерно доделување бездомни деца од западен Берлин на мажи-педофили, со образложение дека тие „навистина ќе ги сакаат“.

Најубавата предбожиќна прослава во Берлин е на стадион

Традиција која трае 16 години и која по многу нешта е поврзана со фудбалот: во пресрет на Божиќ, на стадионот на Унион Берлин се собираат околу 30.000 луѓе.

Розови зони нова „атракција“ во Берлин

По долги години битка, еден од централните паркови во Берлин (Горлицер парк) ќе добие розови зони кои во основа се замислени нешто како канцеларии на отворено за нарко-дилери.

Дански пензиски фонд купи цела улица во Берлин

Тоа што е пензиски фонд не значи дека по должина на цела улица ќе градат дом за старци, ама тоа што е фонд сепак значи дека ќе градат или ќе преградуваат нешто.

Берлин го порази Гугл

Гугл беа запнати да отвораат кампус во Берлин, локалците беа запнати да си го зачуваат раатот и комшилукот. Деновиве Гугл одлучи дека ќе продолжи да бара смештај на друго место.

Европското 2024 ќе го организира земјата на која никој не може да ѝ парира

Покрај стандардните придики за почитување на човековите права, на УЕФА не ѝ се допаѓало ни тоа што во Турција не може да се рекламира алкохол, цигари и обложувалници, ставки за кои во Германија има зелено светло. Тоа одиграло важна улога во гласањето.

Берлинскиот ѕид воскресе

Рускиот режисер Иља Кржановски, Брајан Ино, Марина Абрамовиќ и Масив Атак ќе постават огромна уметничка инсталација - реплика на Берлинскиот ѕид, симулирајќи како изгледало да живееш обиколен од него.

„Месо“: изложба за борбата помеѓу животот и смртта

Во Altes Museum во Берлин се отвара изложба на древна и современа уметност, која го истражува постојаниот конфликт помеѓу живите и мртвите во човечката култура.

Гугл, одјеби

Пораката до гигантот е од еден од моментално најживите градови во Европа, Берлин, каде локалците се организираат против Гугл како во парк да ќе им отвораат Чернобил 2, а не кампус на една од најбогатите и најнапредни компании во светот.

Со графити против говорот на омраза на Твитер

Германско-израелски уметник кој ја обвинува социјалната мрежа за неагилност во бришењето на твитови полни со говор на омраза, ги земал работите во свои раце - испишувајќи ги навредливите пораки на улицата пред седиштето на компанијата во Хамбург.

Не заборавајте дека Советскиот Сојуз го спаси светот од Хитлер

Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.

Јолокауст - селфиња среде холокауст

На прв поглед фотографиите се сосема обични. Имаат хаштази, емоџи (смајли, срце, ѕвездичка), ликовите на нив изгледаат како да се забавуваат. Но нешто почнува да не штима кога ќе сфатите дека тие се направени среде споменик на холокаустот.

Навивачка љубов посилна од терористички закани

Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.