Најубавата предбожиќна прослава во Берлин е на стадион

Традиција која трае 16 години и која по многу нешта е поврзана со фудбалот: во пресрет на Божиќ, на стадионот на Унион Берлин се собираат околу 30.000 луѓе.

Традицијата се родила во 2003 година благодарение на локалниот фан клуб Alt Unioner. Навивачите од источниот дел на Берлин поминуваа тежок период со клубот Унион кој беше на дното на втората Бундеслига. Еден од главните активисти на навивачкото движење на Унион, Торстен Ејзенбејзер сакал да ги собере другарите пред Божиќ:

„Желба ми беше да се вратам кај семејството во добро расположение. Тогаш ги собрав сите на едно место, за да направием топла атмосфера и да се згрееме“, се сеќава Торстен.

Тој испечатил десетина листови со стихови од божиќни песни, а донел дури и колачи, греано вино и свеќи. Сите биле воодушевени.

Со оглед на тоа што навивачите не правеле ништо „во нивен ранг“, клубот се израдувал и им помогнал со предпразнични вечери. Традицијата растела, картите биле бесплатни и во еден момент сакале да дојдат многу повеќе луѓе отколку што стадионот има капацитет.

Од 2013 година влезниците чинеле по 5-10 евра, а годинава отишле како алва.

Во понеделникот на стадионот на Унион Берлин дошле околу 28.500 луѓе. Сезонава Унион Берлин игра во првата Бундеслига и причина за тага нема. Клубот се држи на солидно 11-то место и сега го чека зимската пауза.

Забавата почнала 15 минути подоцна од планираното зошто на стадион уште не влегле сите со купени влезници.

25 декември 2019 - 15:01