Таг: божиќ

10 европски пазари што продаваат божиќна магија на големо

Да речеме дека сè што ви недостасува за незаборавно божиќно патување ви е идеја каде да отпатувате.

Култни празнични филмови за луѓе што мразат празници

Ако ви е малку преку глава од еуфорија, или едноставно отсекогаш сте сакале да се сокриете под ќебе додека сите пазарат подароци и планираат дочек, има и за вас филмови.

Историја на божикниот колач панетоне

Има форма на купола, правењето трае (пре)долго, ама резултатот е толку вкусен што се јаде за миг. Италијанците се обидуваат да го заштитат својот божикен колач од напливот инфериорни имитации.

Како изгледал пандемискиот Божик 1918

Додека денес дел од светот се подготвува да го прослави Божик по грегоријанскиот календар, се потсетуваме како тој изгледал во Америка за време на пандемијата на шпанскиот грип.

Алаба од Баерн правел и печел колачи за деца во домови

Католичкиот Божиќ е сè поблизу, а за стоперот на Баерн Минхен тоа е посебно време од годината кога најмногу им помага на ранливите категории.

Најубавата предбожиќна прослава во Берлин е на стадион

Традиција која трае 16 години и која по многу нешта е поврзана со фудбалот: во пресрет на Божиќ, на стадионот на Унион Берлин се собираат околу 30.000 луѓе.

Што знае дете што се 2.300 евра за да се слика со Дедо Мраз

Родителите што сакаат нивните деца празнициве да се сликаат со Дедо Мраз во лондонски Хародс, ќе треба да направат минимум 2.320 евра (2.000 фунти) сметка во стоковната куќа за да се квалификуваат.

„Ми останаа неколку дена живот, нека дојдат легендите на Јунајтед“

Еден од најголемите навивачи на Манчестер Јунајтед, татко на 5 деца кој имал 16 внуци и 9 правнуци имал само една желба пред крајот.

Остајте пушките, местете головите да поиграме фудбал

Фудбалот има огромна моќ. Доказ за тоа е примирјето кое се случило за време на Првата светска војна кога британските и германските војници излегле од своите ровови да се пресметаат со топка, а не со оружје.

Грчките анархисти се посебен вид на човечки ѓубриња

За да покажат колку е штетно да се купува храна од познати глобални и национални брендови припадници на грчка анархистичка група почнаа во храната по супермаркети да вшприцуваат солна киселина.

Муслиманскиот хор што славеше Божиќ во црква сред Бејрут

Црквата Св. Илија се наоѓа во доминантно муслимански дел од Бејрут. Хорот на Фондацијата Имам Садр, без знаење на верниците, влегува во црквата за да се приклучи на прославата на Божиќ на своите соседи христијани.

Кога и во добро ќе ти текне на Путин

Не е редот да го спомнуваш Путин само кога ти е зорт, треба и празник да се честита, па макар вие биле само неколку луѓе, со Пунто и хармоника сред шума во Србија.

Смешно или опасно?: божикна сатира во научните списанија

Она што е први април за нормалниот свет, тоа е (католички) Божик за академските списанија - според традицијата голем број од нив на овој датум објавуваат статии кои не се сосема ненаучни, но на теми и методологии кои вообичаено не би биле прифатени како сериозни. Дали е ова толку наивно колку што изгледа на прв поглед?

Навивачка љубов посилна од терористички закани

Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.

Природна или вештачка елка за Нова година?

Новогодишните и божиќните празници се на праг (во поголемиот дел од светот редоследот им е обратен). Едно од нивните најпрепознатливи обележја е елката. Иако главно се користи како украс за домот, има ли нешто поврзано со неа за што би требало да размислиме подлабоко? На пример, како стои од еколошка гледна точка? Што со елките после празниците?

Дутерте во божиќно расположение

Во сеопштата војна против нарко-дилерите на Филипини убиени се 5.617 криминалци, од нив над 3.600 се убиени од улични осветници, другите илјада и кусур од полицијата. Дутерте во изборната кампања најави дека ќе убие десетици илјади криминалци, притоа повикувајќи ги луѓето да убиваат нарко-зависници. Кога дојде на власт, се што вети почна да остварува, а овие над 5.600 луѓе се убиени од 1-јули годинава. За Божиќ тој испрати срцепарателна порака до целата нација - гледајте ова да не ви е последниот Божиќ.

Го пратиле дедо

Што да се прави кога живееме во времиња во кои адетот и традицијата се побитни од верата?

Поинаков божиќен колач

Божиќен вкус што ќе ги надразни вашите непца!

Историјата на божиќниот фудбал

Алфредо Ди Стефано на Божиќ му дал 4 гола на Партизан, Барселона славела 6:2 против Копенхаген, а Франција не можела да ја победи Белгија. Најинтересното лежи во Англија каде за време на еден божиќен ден густ со магла, голманот останал да брани, а сите други си заминале од стадион.

Добрата божиќна традиција на Унион Берлин

Во германскиот клуб Унион Берлин има прекрасна традиција: Пред Божиќ навивачите се собираат на стадионот каде заедно со градскиот хор ја пеат химната на клубот и не само тоа.

Џингл Белс во затвор

Од Бразил до Индија и Холандија пет фудбалери завршија зад решетки во последниве денови: Билика од Венеција, поранешниот играч на Сити Елано, како и Холанѓаните Ѕот и Лестиен од ПСВ и Тете од Ајакс.

Се гледа

Сè нешто се гледа, на ништо крај не се види.

Фирмата што го кити Њујорк за Божиќ

Во периодот од Денот на Благодарноста до Нова Година, Њујорк ќе го посетат 5,2 милиони туристи, кои во овој период ќе потрошат 3,7 милијарди долари. Додека се таму, тие на улица треба да се чувствуваат најбожиќно што може. Овој дел го покриваат луѓето од Американ Крисмас.

Како сакате среќен Божиќ, кога ништо не е среќно?

На проповедта во Ватикан којa следуваше по 129-те жртви во Париз, 43-те жртви во Бејрут и 224-те жртви од соборениот руски авион, Папата Франциско го прогласи годинешниот Божиќ за лакрдија бидејќи "целиот свет е во војна".