Животна околина од паралелниот универзум

Крај на месец април, година 2013-та. Македонско министерство за животна околина и просторно планирање.

Во атмосфера кога главна тема на политичките нервози во земјата се прашања од неговиот ресор, кога граѓани од Центар ги бранат дрвјата во своето маало а Владе Милчин успева да се појави покрај секоја стартувана моторна пила пред таа да успее да пушти звук, надлежниот министер (ај се кладиме не знаете како се вика?) донесува одлука дека сето ова - не може да мине без него!

Седнува, со сето бреме над своите одговорни плеќи и својата историска улога ја запечатува во наредба од 4 члена! Само четири члена а повеќе од доволно да осознаеме нечии приоритети, размислувања, политички принципи и сенс за реалноста.

29 април 2013 - 16:28