Не се вика колонијализам, се вика француска надворешна политика

Чисто затоа што светот клокоти како да е пред апокалиптично зовривање, остана малку забележано воскреснувањето на нов фронт во срцето на ЕУ, меѓу Италија и Франција, и тоа пак заради држ-не дај околу бегалците.

Судирот кој беше стишен изминативе неколку години заради левите влади во Италија, веднаш се актуелизираше по доаѓањето на Мелони. Една од првите одлуки на Џорџа Мелони беше дека нема да дозволи вкотвување на бродот „Океански викигн“ со 230 бегалци.

Франција прво проба ова да го реши дипломатски, па кога тоа не успеа веднаш удри по судбината на 3.500 бегалци сместени во Италија, и порача дека нема да ги преземе на своја територија се додека Рим не попушти за бродот.

Ритрнот од италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пиантедоси, беше дека Италија годинава има примено околу 90.000 бегалци, и нема причина зошто да продолжи со истата политика на отвореност кон бегалците кога другите држави ја избегнуваат.

Во свој коментар околу француските притисоци врз Италија и нејзе лично за бегалците, Мелони отворено удри за надворешната политика на Франција кон африканските држави, која не е мрдната многу од времето на колонијализмот. Пораката на Мелони е:

„Решението не е да се земат Африканците и да се донесат во Европа. Решението е ослободување на Африка од одредени Европејци кои ја искористуваат.“

21 ноември 2022 - 11:25