Национални паркови... на Месечината

Иако до сега само неколку луѓе стигнале до таму, научниците бараат на Месечината да се воведат национални паркови кои целосно ќе останат недопрени од човештвото и отпадот што човечките експедиции го оставаат зад себе.

Научниците инсистираат дека секоја мисија на Месечината, од советската Луна 2 во септември 1959, без разлика дали со луѓе или само летала, зад себе оставила ѓубре. Тие идентификуваат 59 локации на кои луѓето ја осквернавиле површината на Месечината.

Намерата на националните паркови е да се зачуваат пространства од Месечината кои ќе бидат недопрени од човекот или неговата технологија.

За сега главната штета е од делови од леталата, знамиња, кеси со измет од астронаути или голф топчиња. Меѓутоа претпазливоста е во однос на плановите за идната човекова активност на месечината, конкретно колонизација и копање руда.

Парковите би требало да бидат „околчени“ според меѓународен договор и со учество на научници со познавање на екологија, антропологија и археологија.

2 јануари 2024 - 13:05